Макрон го убеди Шојбле, еврозоната повеќе нема да биде иста

Денар

12/05/2017

10:22

685

Големина на фонт

а а а

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле вели дека се согласува со Емануел Макрон за започнувањето на проект за основање на парламент на земјите од еврозоната.

„Разговарав со Макрон за формирањето на парламент на еврозоната, кој би имал советодавна функција“, изјави Шојбле.

Тој додаде дека тоа тело би можело да помогне во работата на Европскиот механизам за стабилизација, кој ги поддржува земјите во проблеми после кризата во еврозоната. 

Германскиот министер се заложи и за Европски монетарен фонд, кој би имал задача да им помогне на земјите во еврозоната кои имаат финансиски тешкотии. 

„Неопходни ни се соодветни услови за инвестиции. Рабтиме на тоа и подготвени сме за француско-германска соработка но и со другите земји“, изјави Шојбле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг