Џафери: Следува избор на нова Влада, ќе ја вратиме функционалната држава

Точка

11/05/2017

13:03

3.049

Големина на фонт

а а а

"Наша обврска како парламентарно мнозинство е да работиме на враќање на принципите на парламентарната демократија со крајна цел забрзување на евроинтеграциите", рече собранискиот спикер Талат Џафери во своето прво обраќање до јавноста на конференцијата "Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание".

"Сакам како претседател на Собранието да ветам дека тргнувајќи од моите деловнички и уставни надлежности ќе работам токму на овие прашања. Колку во тоа ќе успееме, зависи од сите 120 пратеници кои седиме во Собранието, но, сепак, во прв ред одговорноста е на парламентарното мнозинство", рече Џафери.

"Во последните две години живееме во сериозна општествена и политичка криза која го погодува секој граѓанин, а во голема мера таа криза е резултат на недоволно изразената надзорна функција на парламентот врз извршната власт", рече претседателот на Собранието. 

Џафери нагласи дека на опозицијата не смее да се гледа како на декор, туку дека таа го дава целосниот легитимитет на секој парламент.


"Без опозиција не можеме да зборуваме за парламентарна демократија. Притоа не мислам на опозицијата како декор, кој само ќе дава легитимитет туку, пред сè, на нејзината активна улога во сите процеси. Но, опозицијата треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и да ја реализира својата програма, бидејќи врз основа на таа програма народот му ја дал довербата да ја води државата. Со конституирањето на парламентот, а наскоро и со избор на новата влада, ќе создадеме услови за почетокот на процесот со кој, како држава, но и како општество, ќе се вратиме на вистинскиот колосек кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции што ќе работат, пред сè, во добробит на секој граѓанин. Тоа нема да се случи преку ноќ, но парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска" објасни Џафери, кој ги повика институциите целосно да го истражат насилниот напад во Собранието, а судовите врз основа на законите да решат дали некој е виновен или ќе го ослободат од вина, пренесува Мета. 

24 Вести објавија видео снимка од неговата изјава:




Спонзорирани линкови

Маркетинг