Тенерифе: Место кое изгледа како да е од бајките!

Точка

10/05/2017

21:04

8.734

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот остров со вулканско потекло, кој е најголем од сите Канарски Острови, веројатно сите од речиси еден милион жители го сметаат за вистински рај на земјата!

Најголемиот Канарски остров нуди се` - разни плажи од кои секој ден можете да бирате различна, одлична кујна, па дури и пирамиди!

Посетете ги папагалите и делфините

Почетокот на посетата започнете го на север, во паркот Лоро кој пред 43 години бил отворен како резерват за папагали. Денес таму живеат многу животински видови, како горила, повеќе од 300 видови на папагали, а таму има и огромен аквариум. Секојдневно се одржуваат и разни шоу програми со делфини, морски лавови и орки. 

Сместете се во Коста Адехе и одберете плажа

Патниците кои ќе уплатат поволен аранжман, обично одат во Коста Адехе, на јужниот брег од островот. Не е тешко да се заклучи зошто. Имено, тука постојат плажи за секоја пригода: Fanabe со многу барови, Duque во близина на хотелот и Los Cristianos, каде што дури можете да одите и на шопинг. Од друга страна, ако сакате да нуркате и да го истражите морското дно, треба да ја посетите плажата Americas. Без огледа каде и да појдете, едно нешто е сигурно – за релативно мали пари одлично ќе се најадете. 

Однесувајте се како Шпанец

По синоќешното излегување, разбудете се во 10 часот, спуштете се во барот, нарачајте кортадо (кафе со млеко) и појдете на плажа. Ручајте после 14 часот, а после тоа подгответе се за сиеста, која е најдобро да ја поминете во ладовина и да се скриете од сонцето. Подоцна, вратете се на плажа, најдете бар и пијте нешто ладно. Не вечерајте ништо пред 22 часот, бидејќи на Шпанците ова им е вообичаено време за вечера. 

Посетете ги пирамидите

Што имаат заедничко Египет и Тенерифе? Неверојатно, но вистинито – пирамиди. Иако селаните на север одамна знаат за „камењата“ среде полето, дури во деведесеттите години се открило дека всушност станува збор за пирамиди. Нив ги открил норвешкиот археолог и истражувач Тор Хејердахл, а денес се една од знаменитостите на островот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг