Шокантна исповед на вработен во Фејсбук: Цукерберг е господар на светот кој управува со вашите животи

Точка

10/05/2017

19:37

14.319

Големина на фонт

а а а

Еден од вработените во компанијата „Фејсбук“ анонимно проговорил за врските помеѓу реалната состојба во овој технолошки гигант и сценариото од новелата, односно филмот "The Circle".

Тој рекол дека состојбата во која основачот владее и ги контролира вработените, нивната приватност и корисниците, е сосема добар приказ на она што навистина се случува во денешниот свет.

Филмот "The Circle" е снимен според новелата на Дејв Егерс од 2013 година. Станува збор за фирмата "TruYou" која наликува на Фејсбук, а чиј сопственик со тек на време почнува да ги злоупотребува информациите за вработените и корисниците, ограничувајќи ја нивната слобода. Ист случај имаме и со Фејсбук кој на компаниите кои се рекламираат на него им продава информации за нас.

Друга паралела е повлечена помеѓу основачот на "TruYou" Меј Холанд и основачот на Фејсбук, бидејќи и двајцата после создавањето на технолошко царство почнале да се интересираат за процесот на демократија.

Така, Меј Холанд сака секој нов корисник автоматски да биде регистриран за гласање и потоа да гласа преку таа социјална мрежа. За потсетување, Цукерберг оваа година е на турнеја ширум САД, што започна шпекулации за неговите идни политички ангажмани, пишува „The Guardian”.

Иако не најавил дека навистина ќе се кандидира за нешто, почнал да го промовира ставот дека Фејсбук би требало да прави повеќе за тоа корисниците да бидат активни во политиката и да излегуваат на избори.

Фејсбук воведе пренос во живо, а набрзо започнаа преноси на убиства, самоубиства и силувања

Третата важна врска е преносот во живо. Додека Фејсбук ја воведе опцијата Facebook Live, "TruYou" ја вовел опцијата SeeChange. И двете опции на почетокот служеле за настани и посебни прилики, а потоа почнале да се користат за пренос на криминални дела и самоубиства. Фејсбук денес има големи „предизвици“ со содржината на корисниците кои пренесуваат убиства, самоубиства и силувања. 

Анонимецот од Фејсбук вели дека во филмот добро се прикажува токму тоа што денес се случува на интернет.

“„The Circle” нуди поглед на злобната страна на социјалните медиуми, додека истовремено Марк Цукерберг ни се претставува како симпатичен пријател. За тоа време собира податоци за да заработи од нив“, пишува „The Guardian”.

„Луѓето во фирмата имаат сè, за да мислат дека се среќни додека по цел ден се на работа“

Социјалната мрежа во „The Circle” се нарекува "TruYou", а животот во неа наликува на животот на вработен во Фејсбук. И тука има огромен кампус кој е луксузен и им дозволува практично да живеат во него – таму јадат, вежбаат, се одмараат, играат игри, се дружат... Сето тоа за да бидат што попродуктивни во работното време и што повеќе да придонесуваат за фирмата, заборавајќи на приватниот живот и потребите. 

„И во Фејсбук се сите еуфорични и среќни што се дел од фирмата, а тоа е лудост“; опишал вработениот кој вели дека тоа се методи со кои луѓето се уверуваат дека се среќни бидејќи „имаат сè што им треба“, додека по цели денови се на работа.“

„Зошто Цукерберг би се кандидирал за претседател? Тој веќе е претседател“

„Што се однесува до собирањето на податоци за сè и секого, тоа веќе се случува. Тоа не е никакво измислено сценарио од филм, тоа е реалноста“, рекол соговорниот за „The Guardian” и додал: 

„Ако ги контролираш информациите, можеш да ги контролираш човечките мисли и однесување. Токму тоа ни го прави Фејсбук нам. Цукерберг го води Фејсбук. Зошто би сакал да влезе во политиката, на пример, во трката за претседател? Нему тоа не му е потребно, тој веќе е претседател на светот“, заклучил вработениот во Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг