Информативни настани како дел од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“

Нетпрес

10/05/2017

15:19

2.387

Големина на фонт

а а а

Во рамките на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ ќе бидат одржани серија информативни настани коишто ќе се однесуваат на законската регулатива и правната усогласеност која што ги засега малите и средни претпријатија.

Циклусот на информативни настани е започнат од 22 март и ќе трае се до 7 јуни 2017 година. Настаните се организираат низ целата држава, во најголем дел во регионите надвор од Скопје.

Севкупно се предвидени 18 информативни сесии во 10 градови: Велес, Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Струга, Охрид, Струмица, Штип и во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони во земјата. Темите кои ќе се обработуваат на овие настани вклучуваат права и обврски кои се однесуваат на: Даноци и Царини, Законот за животна средина и Законот за работните односи. Овие сесии ќе бидат водени од истакнати експерти во наведените области, кои ќе ги доближат до учесниците законските регулативи на овие теми и ќе поттикнат дискусија.

Покрај информативната цел на настаните, тие ќе претставуваат и можност за собирање на значајни податоци за најчестите проблеми на малите и средни претпријатија во овие области. Искуството кое што ќе произлезе од овие настани, ќе се искористи како материјал за организирање на други целни активности во рамките на Проектот, како и за подобрување на јавно – приватниот дијалог во државата.

До сега беа одржани дванаесет инфо сесии во градовите Велес, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Битола, Охрид, Струга, Струмица, Штип, Скопје на кои беа презентирани темите: Работни односи, Даноци и Царини и Животна средина. На одржаните инфо сесии учесниците имаа можност да се запознаат подобро со законските прописи од актуелните области и меѓу другото им беше укажана можност да отворат дискусија за проблемите коишто ги засегаат. 

Тринаесеттата инфо сесија се одржува на 10 мај во Скопје. Оваа инфо сесија е петта во редот на темата Животна средина, на истата ќе се презентираат правата и обврските кои произлегуваат од Законот за работни односи и Колективните договори. Секоја комора на својата веб страница има објавено детален распоред за одржување на претстојните инфо сесии и оттука сите заинтересирани можат да се информираат и регистрираат за учество. 

Партнер за имплементација на проектот на УСАИД е ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, во колаборација со Стопанската комора на Македонија (СКМ), Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). 

Проектот е финансиран од Владата на САД, со цел да се даде поддршка за економски раст, преку ублажување на притисокот врз малите и средни претпријатија кои се погодени од честото менување на законската регулатива.



Спонзорирани линкови

Маркетинг