Првата дама на Франција веќе тера по свое: Еве на кого прво му забила нож во срце!

Точка

09/05/2017

09:26

10.715

Големина на фонт

а а а

Брижит Макрон, сопругата на избраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, ги разлутила модните критичари со облеката во која го дочекала прогласувањето на изборните резултати.

Многумина, имено, очекувале дека Брижит изборните резултати ќе ги дочека во некоја поконзервативна комбинација, а таа спротивно на тоа носела фармерки, сина блуза и капут со потписот на Луј Витон, инаку нејзин омилен бренд. 

Модните критичари сметаат дека и таа требало да биде во некој костим или тоалета. Сепак, Брижит, инаку 25 години постара од својот сопруг, останала верна на себе.

Во текот на целата кампања ја фалеле дека негува свој посебен стил на облекување.

За разлика од бројните сопруги на политичарите, таа не паднала под влијанието на женските одела или тоалети. Брижит Макрон се облекува во склад со своето расположение, што всушност ја прави прилично необична Прва дама на Франција.

Неа воопшто не ја загрижуваат модните правила на облекување.


Досега во јавноста се појавила и мала црна тоалета, но и во тренерки, и сосема е сигурно дека во времето на мандатот на Макрон уште неколку пати ќе ги изненади модните критичари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг