Евровизија 2017: Јана Бурческа со изразено деколте блесна на црвениот тепих во Киев

Точка

08/05/2017

14:07

11.208

Големина на фонт

а а а

Пред почетокот на првата полуфинална вечер на Евровизија, се одржа свеченото отворање на 62-то издание на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашата претставничка на Евровизија за оваа година, прекрасната Јана Бурческа, заблеска на црвениот тепих во Киев, позирајќи во зелена тоалета со изразен шлиц и деколте.

Тоалетата е креација на дизајнерката Антонија Ристовска, додека зад шминката и фризурата стои Александар Дадар, кој сподели фотографии од убавицата. Секси но пристојно, таа ги собра сите погледи на црвениот тепих додека позираше со македонското знаме.


Таа ќе настапи во рамките на втората полуфинална вечер на 11 мај, додека големото финале ќе се одржи на 13 мај.

За 62-то издание на изборот за најдобра песна во Европа, на отворањето дефилираа претставниците од секоја земја – делегации од 42 држави. 

Од Белорусија до Сан Марионо и Холандија, учесниците на Евровизија беа на црвениот тепих. Годинава црвениот тепих на Евровизија е најдолг во историјата на музичкиот натпревар – цели 265 метри.


Изборот за најдобра песна на Евровизија ќе се одржува од 9 до 13 мај, при што двете полуфиналиња ќе бидат на 9, односно 11 мај, а финаланта вечер е на 13 мај.

Изведувачите од Македонија, Холандија, Малта, Србија, Данска, Романија, Унгарија, Австрија, Ирска, Швајцарија, Естонија, Израел, Бугарија, Сан Марино, Литванија, Хрватска, Норвешка и Белорусија настапуваат во второто полуфинале.


Првата полуфинална вечер пак ќе се претстават изведувачите од Црна Гора, Финска, Грузија, Португалија, Белгија, Шведска, Албанија, Азербејџан, Австралија, Кипар, Словенија, ерменија, Молдавија, Чешка, Латвија, Грција, Исланд и Полска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг