На овие одлични серии треба да им дадете шанса... Ако веќе не сте го сториле тоа

Точка

24/04/2017

20:29

5.385

Големина на фонт

а а а

Во денешно време понудата на серии е неверојатна и речиси е невозможно да ја фатите баш секоја која ќе се појави, а вреди да се погледне.

Поради тоа, ви ги претставуваме некои од најдобрите серии кои се појавија и кои би било добро да ги ставите на вашата листа за гледање бидејќи затоа што не спаѓаат во класичните хитови, би можеле да ви поминат под радарот.

One Day at a Time  

Во текот на 70-тите и 80-тите години во Америка се емитувала истоимена серија на Норман Леар која настанала според истоимената книга на Витни Блејк и Ален Менингс, на која Netflix сега одлучил да и` направи римејк. Претежно, дејството следи самохрана мајка која ги сели своите деца од Куба во САД каде што паралелно се грижи и за својата мајка. И додека некои би можеле да заклучат дека станува збор за релативно неинтересен ситком, реакциите се извонредни, а серијата за кратко време ги освои и критиката и публиката. 

Feud: Bette and Joan  

Љубителите на стариот Холивуд веројатно ќе уживаат во извонредната серија која ја следи големата расправија помеѓу две холивудски диви, Бети Дејвис и Џоан Крафорд, а освен што е одлично напишана, Сузан Сарандон и Џесика Ланг завршиле врвна работа и навистина станува збор за една од оние драмски серии кои не би смееле да ги пропуштите. 

Five Came Back  

Ако сакате документарци, со посебен акцент на документарците за Втората светска војна, ова не се пропушта. Имено, ова е мини серија според книгата на Марк Харис, а станува збор за пет легендарни режисери: Франк Капри, Џон Форд, Џон Хјустон, Џорџ Стивенс и Вилијам Вајлер и нивните искуства откако вооружени само со камери отишле на фронтот за да ги снимат воените ужаси. 

G.L.O.W.  

Ако ви се допаѓа серијата "Orange is the News Black", треба да знаете дека авторките Лиз Флахив и Карли Менш имаат нов проект, а овој пат нема да гледаме затворенички туку професионални кечерки од осумдесеттите години. Во главната улога е сексапилната Алисон Бри која ќе ја глуми Рут која поради сплет на околности завршува во немилосрдниот и трагикомичен свет на професионално борење. 

Genius  

Повеќето луѓе веројатно не се особено заинтересирани за серијата за Алберт Ајнштајн и веројатно би можел да ги одбие податокот дека станува збор за серија зад која стои National Geographic, но многу пропуштаат, бидејќи во проектот се вклучени дури три холивудски легенди. Еден од нив е влијателниот продуцент Брајан Грејзер кој има еден Оскар, а за истата награда е номиниран дури 43 пати, додека проектите на кои работел се номинирани за 131 Еми награди. Вториот е режисерот Рон Хауард кој на полицата има два освоени Оскари, 36 разни награди и 67 номинации. А, во главната улога е британскиот оскаровец Џефри Раш кој воодушевува во сите улоги.  

Twin Peaks  

Малку може да се напише за култната серија од деведесеттите години која во мај оваа година ќе добие нова, трета сезона на која чекавме точно 25 години. Освен поголемиот дел од оригиналната екипа, во новата сезона ќе се појават и многу нови ликови кои, знаејќи го Линч, без никаков сомнеж ќе бидат исклучително бизарни.  

Fargo  

Започна третата сезона на извонредната серија која со првите две сезони ги воодушеви гледачите, но и публиката. Овој пат ги следиме браќата близнаци Емит и Реј Стуси (и двајцата ги глуми Еван МекГрегор), а нивното братско ривалство ги воведува во светот на криминал преполн со убиства и злосторства. Моментално е емитувана само првата епизода, а пофалби пристигнуваат од сите страни. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг