Производството на новиот Samsung Galaxy S8 е поскапо во споредба со неговите клучни ривали Apple iPhone 7 и Google Pixel. Што мислите, за колкава разлика станува збор?
Новиот Samsung Galaxy S8 е опремен со 64 GB NAND флеш меморија, за чиешто производство материјалите достигнуваат цена од 301.6 долари, што претставува многу повеќе отколку кај претходните верзии на Apple паметните телефони, се наведува во проценката на аналитичарите од компанијата IHS Markit. А кога на тоа ќе се додаде и цената за самото производство, се доаѓа до вкупен износ од 307.5 долари.
Порастот на цената на материјалите (BOM – bill of materials) кај моделот Galaxy S8 е последица на трендот на производителите на паметни телефони за секогаш да се обидуваат да вградат нови хардверски додатоци. Последично на сето тоа, цената на Samsung-овиот модел Galaxy S8 (за верзијата со 64 GB меморија) изнесува 720 долари.
Со тоа, се доаѓа до вкупен заклучок дека цената на материјалите за произвоството на овој престижен модел под логото на Samsung ја надминува цената на материјалите за производство на моделите iPhone 7 и Pixel, која кај овие модели (во верзии со 32 GB NAND меморија) изнесува 224.8, односно 285.75 долари.