Недвед: Монако може да е нагазна „мина"…

Дерби

21/04/2017

18:45

1.124

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот гигант Јувентус по елиминацијата на Барселона доби многу полесен противник (барем на хартија) во полуфиналето на Лигата на шампионите-тоа е составот на Монако.

Многумина сметаат оти тоа е поволна ждрeпка за „бјанконерите“ со оглед на тоа што на другата страна се шпанскиот прволигаши Реал и Атлетико Мадрид. Со ова баш и не се согласува потпретседателот на Јуве, Павел Недвед кој верува дека французите и тоа како можат да бидат противник кој може да им направи големи проблеми.

-Тешко е да се каже со кој тим е најдобро да се соочите, зошто ова натпреварување покажало оти не смееш да направиш грешка. Се надевам и верувам ќе бидеме максимално подготвени за предизвикот. Очекуваме млад тим кој многу трча, а тоа секогаш е комплицирана работа, -истакнал Недвед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг