Ова е најбезбедната туристичка дестинација во светот

Точка

21/04/2017

17:48

5.090

Големина на фонт

а а а

Финска може да биде горда – покрај тоа што одбележува 100 години независност, Светскиот економски форум ја прогласи за најбезбедна држава на светот во 2017 година.

„Финска останува најбезбедната дестинација во светот и покрај тоа што Европа стравува од тероризмот“, пишува во извештајот.


Во истражувањето биле собрани податоци за 136 земји и условите кои владеат за туристите.

Покрај безбедноста, во истражувањето било испитано и секоја од државите колку е отворена за туризам, каква е состојбата на инфраструктурата, состојбата на животната средина и колкава е цената за престој.


За многумина овој избор не е изненадување. Сепак, Финска е традиционална земја чии народ се доживува како пријателски настроен и опуштен. Исто така, се грижи за животната средина и стандардот на граѓаните.


Кога станува збор за дестинациите надвор од Европа, најбезбедни се Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман, Хонг Конг и Сингапур.




Спонзорирани линкови

Маркетинг