Форс Индија импресионирани од Рено

КРУГ.МК

21/04/2017

18:01

513

Големина на фонт

а а а

Откако веќе почнаа да нижат поени оваа сезона, Форс индија го поздрави напредокот на нивниот ривал Рено.

По поминати три трки во шампионатот се појасна станува битката за средината на табелата. Во моментов Форс Индија водат, а зад нив се Вилијамс и Торо Росо додека во борбата се вмешува Хаас и Рено.

Откако завршија на деветта позиција во Бахреин, Рено ги доби своите први поени а шефот на Форс Индија изјави дека е импресиониран од напредокот на Рено во текот на зимската пауза.

„Рено направија одлична работа во текот на зимата, многу повеќе отколку што се очекуваше. На тестирањето очекувавме дека ќе биде борба помеѓу четири болиди на Вилијамс, Торо Росо и Мекларен. Но, Мекларен не успеа да конкурира на Рено и очигледно е дека така ќе биде во текот на сезоната. Од тоа што може да видиме у моментов мислам дека ќе биде интересна сезона. Има два тима кои се борат за врвот и уште четири кои се борат за четврта позиција, очигледно Ред Бул ќе биде помеѓу“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг