Проблеми со сопирачките: Тесла ќе повлече 53 илјади автомобили

Точка

21/04/2017

19:06

2.134

Големина на фонт

а а а

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла, од пазарот ќе повлече 53 илјади автомобили од моделите S и X поради проблем со рачната сопирачка.

Од Тесла порачаа дека досега не добиле извештаи за несреќи или за проблеми настанати од „малиот проблем“ со рачните сопирачки и соопштија дека тој проблем го имаат од прилика 2% од 53-те илјади возила произведени во периодот од февруари до октомври минатата година.

Во соопштението, американската компанија порача дека сепак ќе бидат заменети „проблематичните“ делови и соопшти дека моделите S и X „можно е да содржат опрема која што нивниот независен добавувач можеби ја произвел непрописно“. Доколку тој дел се скршел, рачната сопирачка целосно ќе го блокирала автомобилот.


Од компанијата на своите корисници ќе им испратат официјално соопштение за повлекување на автомобилите со прецизни упатства како ќе се заменат сопирачките.

Тесла и во ноември 2015-та година доброволно повлече 3 илјади автомобили од моделот S поради потешкотии со врзувањето на безбедносните појаси во автомобилите.


Инаку, во 2013-та година, американската сојузна владина агенција - Националната управа за безбедност на сообраќајот на моделот S на Тесла му даде безбедносна оценка со највисоки 5 ѕвезди и од таму беше соопштено дека возилото поставило нов рекорд на најниска веројатност од повреда на патниците.

Неодамна, Тесла Моторс по пазарната вредност го надмина автомобилскиот гигант General Motors што е прв пат во историјата највредна американска автомобилска компанија да стане некоја која што нема седиште во Детроит - центарот на автомобилската индустрија во САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг