Сите сме слушнале и виделе во повеќе наврати за т.н. минијатурни бикини на познатите убавици, но ова бикини отвори сосема нова димензија.
Фотографиите на згодната бринета во златно бикини (?) предизвикаа огромна дебата на социјалните мрежи. Дали вам ова ви личи на костим за капење или?
На некои им се допаѓа, други истакнуваат дека ова не е бикини туку златна боја која ги опфаќа стратешките места на телото.
"Дали ова е се уште бикини ако не можете ниту да пливате во него? Водоотпорно е?" - прашала една девојка.
"Прво мислев дека ова е холограм. А ни сега не сум сигурен точно во што гледам", изјавило едно момче.
"Ова не е облека туку лента залепена за нејзиното тело", тврдел трет корисник.
А на некои им се допаднало... "Што и да е, баш е кул", изјавила една корисничка.
Сепак, малку се тие кои би го носеле, а причината е сосема очигледна. Покрај тоа што сè е на послужавник, "Замислете ги трагите од сончање после ова", се запрашала една девојка.