Мистеријата за падот на MH370 решена? Последниот дел од сложувалката е откриен таму кадешто никој не се надеваше

Точка

21/04/2017

14:09

5.090

Големина на фонт

а а а

Новата анализа на остатоците од океанот покажува дека исчезнатиот авион на "Малезија Ерлајнс" со летот MH370 најверојатно се наоѓа во областа предложена за пребарување, но која во јануари оваа година, Австралија и Малезија ја отфрлија како "област со мала веројатност", објави научната, државна агенција на австралиската влада, а пренесуваат "Reuters".

Потрагата по авионот кој исчезна во 2014-та година со 239 патници, чинеше 150 милиони евра, но немаше голем успех. Поради тоа, Австралија и Малезија на почетокот на оваа година ја суспендираа истрагата и го одбија предлогот да се истражи океанот во областа голема 120.000 километри квадратни која агенцијата ја означи како "најверојатно место на падот на авионот". Според нивното толкување оваа област не била доволно прецизно дефинирана. 

Сепак оваа анализа сугерира дека исчезнатиот Боинг 777 се наоѓа на значително помала, 25.000 километри квадратни површина внатре во веќе предложената. 


"Новото истражување ја зајакна нашата вера во тековните откритија. Пронаоѓањето на остатоците на островот Реунион во 2015-та година сега има смисла", вели д-р. Дејвид Грифин, главниот научник на агенцијата CSIRO (Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation) која ја објави анализата. 

Локацијата на Боингот со лет MH370, кој исчезна од радарите по предвидениот пат од Куала Лумпур кон Пекинг, се уште претставува една од најголемите мистерии во авијацијата. 


И додека австралискиот министер за инфраструктура и транспорт, Дарен Честер, ги поздрави резултатите од новите анализи, истакна дека анализата не понудила прецизни докази. "Малезија го има последниот збор во истрагата и сите идни барања во врска со потрагата по MH370", изјавил Честер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг