Асад тврди дека вистината е поразлична: Западот измислува жртви кои не постојат, за да има изговор за напад!

Точка

21/04/2017

13:59

1.218

Големина на фонт

а а а

Сирискиот претседател Башар Ал Асад, ги оспорил податоците кои ги изнеле Обединетите Нации за бројот на жртви во текот на шестгодишната војна во таа земја, тврдејќи дека Западот ги преувеличува тие бројки за да има оправдание за интервенција.

Тој додал дека ни ОН, ни било кој друг набљудувач нема средства точно да ги пресмета тие броеви поради различните фракции на теренот, вклучувајќи ги "странците, терористите и Сиријците". 

"Станува збор за десетина илјади, а не тоа што го слушате во медиумите - преку сто илјади. Секако, можеме да разговараме и за илјадници исчезнати луѓе за чија судбина не знаеме ништо. Тоа е официјална бројка", рекол Асад.

"Броевите кои ги слушаме во западните медиуми минатите шест години не се точни, тоа се напумпани цифри кои покажуваат колку е страшна ситуацијата, за тоа подоцна да се употреби како хуманитарен изговор за интервенција во Сирија", рекол Асад, пренесува Sputnik.




Спонзорирани линкови

Маркетинг