Нови линии во јавниот превоз во Прилеп

Макфакс

21/04/2017

13:57

481

Големина на фонт

а а а

По долгогодишно барање, граѓаните на Прилеп добија нови автобуски линии на неколку релации во градот и населените места во близина.

Линија за населбата Тризла, каде живее ромското население, линија за населбите над ООУ „Гоце Делчев“,населбата која се наоѓа наспроти компанијата Жито Прилеп, како и линија кон Типската населба.

Нови линии ќе има и од приградските места и Тополчанскиот регион, а ќе се воведат линии и во пазарните денови. 

Предвидено е и обнова на автобусите и поставување автобуски постојки онаму каде што сѐ уште ги нема. 

Јавниот градски превоз како одделение при Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови почна да функционира од април 2014 година со три линии низ градот. 

Плаќањето се врши во автобусот со монети или електронски картички, кои можат да се купат во наплатните центри 

Плаќањето со монети чини 20 денари, а со електронските картички 15 со што Прилеп е еден од градовите со најевтин градски превоз. 

Студентите кои студираат во Прилеп, пензионерите и лицата со инвалидитет имаат бесплатно возење во јавниот превоз, додека другите студенти и ученици имаат привилегирана цена од 7 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг