Тоа се вика карма: Крокодили го изеле ловецот кој се фалел со убивање на егзотични животни

Точка

21/04/2017

13:40

5.100

Големина на фонт

а а а

Ловецот од Јужна Африка, Скот Ван Зил, веројатно бил изеден од крокодили во текот на една од неговите ловечки авантури во Зимбабве.

Ван Зил исчезнал минатата седмица кога заминал на лов, а откако човечки остатоци биле пронајдени во две животни, се верува дека ловецот умрел од вилиците на крокодилите на реката Лимпопо. 


Тој заедно со кучиња се упатил на уште едно ловечко сафари. Се верува дека Скот Ван Зил и кучињата го напуштиле камионетот и се упатиле во различни насоки. Кучињата подоцна се вратиле во кампот без Ван Зил, чии работи биле пронајдени во возилото.  


Неговиот ранец пронајден крај брегот на реката 

Во потрага биле пратени спасувачки екипи, а хеликоптери и нуркачи го пребарале целото подрачје. Неговите траги подоцна биле забележани крај брегот на реката, а набрзо бил пронајден и неговиот ранец, пишува Independent


Саки Лоувренс, член на еден од спасувачките тимови, на полицајците им кажал дека се сомнева дека Ван Зил го изеле два крокодила. 


Во крокодили пронајдени човечки остатоци 

"Во нив пронајдовме нешто што изгледа како човечки остатоци", рекол тој. Форензичарите моментално ги тестираат примероците за да утврдат дали станува збор за посмртните останки на исчезнатиот ловец. 


Ван Зил со голема страст се занимавал со лов, па така на пописот на неговите животински жртви има носорози, лавови, леопарди, слонови, бикови, антилопи, со што се пофалил и на веб страната на својата компанија "SS Pro Safaris". 



Спонзорирани линкови

Маркетинг