Граѓаните до Жерновски: Дебармализацијата мора да запре!

Нетпрес

21/04/2017

13:02

550

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, предизвикува голем револт кај граѓаните, поради неговото игнорирање на нивните континуирани барања за стопирање на градежна експанзија во населбата Дебар Маало.

Денеска, на фејсбук страницата „Центар сака да дише“, граѓаните кои го избраа за нивни градоначалник, го потсетуват Жерновски за неговото ветување дека ќе го запре уништувањето на овој дел од градот.

За само неколку месеци издадени 10-тина одобренија за градби низ Дебар маало. 

Ветивте дека повеќе нема да се гради, а продолживте да го уништувате срцето на Центар.

Секој ден ново одобрение !

Дебармализацијата мора да запре !

Стоп за дебармализацијата на градоначалникот на Центар !

Браво градоначалниче, навистина сте од збор !

Вчера центарци, на оваа ФБ страница, исто така го потсетија дека треба „да сработи нешто“ за да го подобри живеењето на граѓаните во оваа општина, алудираајќи на лошите улици, преполни со дупки, кои никако не доаѓаат на ред да го привлечат неговото внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг