Поранешната членка на "Pussycat Dolls" ја открила мрачната тајна на бендот: Сакаа од нас да направат анорексични кукли

Точка

21/04/2017

12:46

3.297

Големина на фонт

а а а

Кимберли Вајт, поранешна членка на планетарно популарната група "Pussycat Dolls", раскажала за тортурата низ која со години минувала додека била во популарниот бенд.

"И денес чувствувам како да сум била дел од вистински воен камп, а не женски бенд. Константно бевме под притисок, не само поради фановите, туку и нашите менаџери не притискаа да бидеме подобри. Не тераа да бидеме совршени, моравме секогаш да вежбаме и да внимаваме што јадеме. Од нас сакаа да направат анорексични роботи", рекла Кимберли. 

Бендот "Pussycat Dolls" беше проект зад кој стоеше огромна машинерија. Музиката таму беше најмалку важна, а ние бевме под константна тортура - рекла Вајт.

Меѓутоа, и покрај сето тоа, Кимберли успеала да се оттргне од притисоците.

"Доколку ги слушав другите, денес немаше да личам на себе. Ќе имав нов нос, поголеми гради и поголем задник. За среќа, не дозволив индустријата да ме претвори во кукла", рекла пејачката.


Инаку, Кимберли била членка на групата 7 години, а откако девојките се разделиле, Вајт се омажила за британскиот манекен Макс Роџерс. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг