Ова е првата снимка од нападот во Париз: Крвопролевање на Елисејските полиња

Точка

21/04/2017

10:00

3.749

Големина на фонт

а а а

Француската полиција издала налог за апсење на втор осомничен за пукањето во центарот на Париз, во кое бил убиен еден, а тешко ранети двајца полицајци, јавува "Reuters" повикувајќи се на документи во кои имал увид.

Откако вчера дошло до пукање во кое бил убиен еден полицаец, а друг починал откако им подлегнал на раните, на Елисејските полиња дошло до друго пукање. 

Во налогот за апсење пишува дека осомничениот пристигнал во Франција со воз од Белгија. Претходно било објавено дека полицијата верува дека во пукањето учествувале најмалку двајца напаѓачи, од кои едниот е убиен. Според наводите на службениците, еден од осомничените за нападот од претходно бил означен како екстремист, пренесува AP.

Полицијата ја пребарува куќата на осомничениот напаѓач во близина на Париз, соопштил извор од полицијата. Францускиот претседател Франсоа Оланд, закажал итен состанокот. Инцидентот се случил неколку дена пред претседателските избори во Франција, а претседателските кандидати Марин Ле Пен и Франсоа Фијон ги откажале предизборните активности, пренесува AFP.

Како што наведува американската агенција, напаѓачот отворил оган од автоматско оружје на полицијата во Елисејските полиња, убивајќи еден и сериозно ранувајќи двајца полицајци, пред полицијата да го усмрти. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Пјер Анри Бранде, изјавил дека е рано да се каже што било мотив за нападот.

Антитерористичката канцеларија на француското обвинителство отворила истрага за инцидентот, пренесува Reuters. Како што се наведува, инцидентот се случил на Елисејските полиња, булевар помеѓу Плоштадот Конкорд и Триумфалната капија, позната дестинација во Париз, која е моментално блокирана. До пукањето дошло во 21. часот по локално време.



Спонзорирани линкови

Маркетинг