Defender кој нема да ве остави рамнодушни: Ова е Flying Huntsman 6x6

Точка

20/04/2017

17:02

2.374

Големина на фонт

а а а

Кога се во прашање теренските можности, мал е бројот на теренски возила кои што можат да се споредат со легендарниот Defender на Land Rover.

Иако е неприкосновен кога станува збор за теренските задачи, Defender дефинитивно не е возило по кое би се вртеле главите на сите, па поради тоа, екипата од тјунинг компанијата Project Kahn реши да „реагира“ и да го „нашминка“ во нешто што изгледа најблаго кажано - ѕверски.


Основата на Flynig Huntsman 6X6 Pickup ја сочинува секако Defender, а додека на перформансите на самиот мотор не е многу променето, екипата на Project Kahn повеќе внимание му обрна на надворешниот изглед кој е обоен во "Stealth" црна боја.

Секако, најочигледна е промената кај задните тркала - додадени се нови две тркала кои што исто така имаат „свој“ погон, па новиот сопственик на овој ѕвер нема да има никаква пречка при „покорувањето на дивината“.


Екипата на Project Kahn го преработила целото подвозје, се издвојува новата предна X-Lander решетка, внатрешноста е преуредена, а поради новите тркала, возилото е продолжено за 40 сантиметри. Ова е автомобил кој дефинитивно ќе привлече големо внимание на улиците и ќе биде премногу моќен на оф-роуд патеките, но сето тоа има своја цена, а таа изнесува "скромни" 225 илјади долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг