Светот со нетрпение го очекува новиот iPhone: Нови информации за плановите на Apple...

Точка

20/04/2017

15:01

2.165

Големина на фонт

а а а

За помалку од пет месеци Apple ќе ги претстави наследниците на „седмицата“, но ќе претстави и целосно нов - најмоќен модел на iPhone досега.

Иако остануваат уште пет месеци до големото претставување на најновите адути на Apple на мобилниот пазар, секојдневно пристигнуваат нови гласини поврзани со овие уреди. Тоа што е речиси сигурно е дека Apple во септември ќе претстави три нови телефони - iPhone 7, iPhone 7 Plus и целосно нов модел со голем, закривен OLED екран и интегрирано Home копче во самиот екран.

Што се однесува до наследниците на „седмицата“, двата модели ќе го донесат тоа што горе-долу се очекува од нив - екрани со дијагонала од 4,7, односно 5,5 инчи, подобар хардвер, поквалитетна графика и некои помали новитети, но јасно е дека очите на сите ќе бидат вперени во новиот модел чие што име се уште не е познато.


Една од најновите информации во врска со третиот модел е тоа што тој телефон ќе се најде во продажните салони дури неколку месеци после претставувањето. Иако екранот веројатно нема да биде поголем од 5,5 инчи, сепак димензиите ќе бидат слични на iPhone 7 кој што има 4,7 инчи, што значи дека екранот ќе биде „растегнат“ по речиси целата предна површина.

Како што пренесуваат од Bloomberg, Apple има нови планови кога се во прашање камерите, па така на задната страна можеме да очекуваме две камери поставени вертикално, а не хоризонтално како досега, а љубителите на селфи фотографиите секако ќе бидат пријатно изненадени од информацијата дека Apple исто така тестира две камери и за предната страна.


Засега не е познато како инжинерите на Кук ќе го решат проблемот со сензорот за отпечатоци на прсти, со оглед на тоа што е прилично тешко изводливо истиот да биде сместен под Home копчето. Многумина сметаат дека Apple ќе оди по стапките на Samsung и ќе го смести сензорот на задната страна, веднаш до камерата.

Според аналитичарите, Samsung со неодамна претставените Galaxy S8 и S8 Plus го подигна нивото на пазарот за паметни телефони и сега секако, од Apple се очекува врвен уред со кој што ќе ја продолжи борбата за корисници со севернокорејскиот гигант.



Спонзорирани линкови

Маркетинг