Бејли пред суд во САД за делувањето во Македонија

Нетпрес

20/04/2017

09:34

4.068

Големина на фонт

а а а

Џудишал Воч денеска објави дека според Актот за слобода на информации поднеле тужба против Стејт Департментот и УСАИД за извештаи и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оваа организација која е дел од Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос доби речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во суд во САД, објави најреномираната правна организација од САД, Џудишал Воч која што во своите редови има најдобри правници и експерти.

Тужбата е поднесена откако и Стејт Департментот и УСАИД не одговориле на барањата од 6 февруари 2017: 

- Сите податоци кои се однесуваат на грантови, договори или исплата на средства од страна на Стејт Департментот на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или на подружница на Фондацијата. Ова барање ги вклучува сите кои се поврзани со барањата за финансирање, овластувањата на исплатата, или слични записи, како и сите поврзани со евиденција на комуникацијата меѓу кој било вработен, службеник или претставник на Стејт Департментот и вработен, службеник или претставник на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). 

- Сите податоци за комуникациите меѓу службеници, вработени или претставници на Стејт Департментот и службениците, вработени или претставници на фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. Ова барање вклучува и податоци за комуникациите пратени од или во режија на американскиот Амбасадор во Македонија, Џес Бејли. 

- Сите анализи или слични записи за политичките активности на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. 

- Сите пораки пренесени преку SMART системот на Стејт Департментот испратени од било кој вработен во Владата на САД во рамките на Шефот на мисијата на САД во амбасада во Скопје кои се однесуваат на Фондацијата Отворено општество – Македонија и/или други придружни организации на Фондацијата. 

На интернет страницата на УСАИД е објавено дека меѓу 27 февруари 2012 и 31 август 2016 година, УСАИД даде 4.819.125 долари од даночните обврзници за Соросовата Фондација Отворено општество – Македонија, во партнерство со локални граѓански организации, пишува Џудишал Воч додавајќи дека преку интернет страницата на УСАИД можете да влезете на www.soros.org.mk каде што се вели дека преку проектот илјадници млади Македонци биле тренирани „на теми како што се слободата на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, убедливо аргументирање и користење на медиумите“. 

Џудишал Воч во февруари објави: 

„Американската влада тивко трошела милиони долари од даноците на своите граѓани со цел да се дестабилизира демократски избраната Влада ориентирана кон десен центар во Македонија преку соработка со левичарскиот милијардер Џорџ Сорос. Американскиот амбасадор во Македонија, назначен од Барак Обама, Џес Бејли, работел позади сцената со фондацијата на Сорос „Отворено општество“ за да префрла големи суми на американски долари за таа цел. Што претставува дека вмешаноста на американскиот амбасадор во Македонија во домашните политички работи, се коси со Виенската конвенција за дипломатски односи. 

Еве како тајната операција функционира според високи избори во Македонија и САД, кои ги предале извештаите на „ЏудишалВоч“ како дел од истрага која трае. Фондацијата „Отворено општество“ финансирала 10-ци левичарски невладини организации во Македонија со цел да се направи преврат на власта. Еден македонски функционер кој направи интервју со „Џудишал Воч“ во Вашингтон ги нарекува „војската на Сорос“. Овие групи организираат младински движења, создаваат медиуми и организираат насилни протести со цел да се поткопаат институциите и политиките на владата. Една од овие групи на Сорос ја преведе публикацијата на Саул Алински „Правила за радикалите“ на македонски. Книгата е прирачник за пресврт и дава совети за радикални улични протести и наведува дека Луцифер бил првиот радикал. Благодарение на амбасадорот поставен од Обама, кој не беше заменет од администрацијата на Трамп. Чичко Сем се уште испраќа финансии за групите да продолжат да оперираат и регрутираат, велат извори во Македонија, а САД потврдува. 

Според Insidephilanthropy.com, Соросовата Фондација Отворено општество „можеби е најголемата филантропска организација која некогаш била направена, со филијали во 37 земји. Иако Фондацијата на Гејтс троши повеќе пари, Фондацијата Отворено општество има поголеми димензии во светот благодарение на многу од нејзините локални канцеларии, вклучувајќи ги и тие во Африка. Нејзиниот буџет е некаде околу 930 милиони долари“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг