На пазарот за две години: Концептниот E-tron Sportback го најавува новиот модел на Audi

Точка

19/04/2017

19:23

2.574

Големина на фонт

а а а

Покрај Vision E и I.D. Crozz, салонот за автомобили во Шангај, групацијата Фолксваген го искористи и за претставување на коцептот E-tron Sportback на Audi.

Како и во случајот на првите два споменати концептни автомобили, исто така и концептот на Audi претставува важен чекор кон електрификацијата на гамата на производителот со седиште во Инглоштад.

Со еден електричен мотор на предната осовина и два на задната кои што ја префрлуваат силата од 320 kW (430 коњски сили) на сите четири тркала (370 kW/500 коњски сили во boost модот), E-tron Sportback од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,5 секунди.


Литиум-јонските батерии со капацитет од 95 kW овозможуваат возење до 500 километри со едно полнење. Се очекува овој модел да се појави на пазарот во 2019-та година, односно една година после претставувањето на електричниот SUV E-tron Quattro.

Audi E-Tron Sportback во Шангај пристигна со камери на местото за надворешните ретровизори кои што освен што ја намалуваат бучавата и отпорот на воздухот, тие со префрлување на сликата на екранот на вратите ги елиминираат мртвие агли при самото возење.


Покрај LED предните и задни светла, треба да се споменат и 250-те мали LED светла сместени во предниот браник кои што со распоредот при палење и гасење, имаат функција да комуницираат со возилото напред.




Спонзорирани линкови

Маркетинг