Бред Пит не си личи на себе: Се појавил на премиера, а сите зборуваат за една работа

Точка

08/04/2017

17:47

16.981

Големина на фонт

а а а

Сите зборуваа дека Анџелина наводно ужасно ослабела по разводот од Бред Пит. За славниот холивудски актер не се зборуваше многу, се` додека не се појавил на еден настан. И може да се каже дека разводот и врз него многу влијаел...

Актерот се прошетал на црвениот тепих на премиерата на филмот „The Lost City Of Z” кого тој го продуцирал. А, сите фанови се загрижени бидејќи, како што велат, изгледа слабо и изнемоштено.


И медиумите се занимаваат со оваа тема, па се зборува дека Бред Пит (53) ослабел дури 15 килограми поради стрес. А, неговите верни фанови велат дека, и покрај тоа што се трудел да изгледа весело, неговите очи ја издавале празнината во него.


Меѓутоа, додека медиумите и фановите тврдат едно, блиските пријатели на холивудската ѕвезда велат дека станува збор за сосема друга работа. Имено, тие велат дека Бред почнал здраво да се храни и да води здрав начин на живот, па дури вработил и личен готвач кој му ги подготвува оброците. Од друга страна, медиумите не им веруваат на пријателите на Бред, туку промената во изгледот на славниот актер ја нарекуваат „развод диета“.


Инаку, Бред и Анџелина и понатаму се борат околу старателството над децата, а Бред неодамна изјавил дека во неговиот живот моментално нема простор за жени и дека го интересираат исклучиво неговите деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг