Илиевски: Следната недела е клучна – будно ќе следиме што се случува и ќе реагираме во секунда

Нетпрес

08/04/2017

14:04

1.203

Големина на фонт

а а а

Денес на 41 ден од нашите маршеви решивме да го потсетиме добро разбудениот град, дека наредната недела која доаѓа е клучна недела особено првите три дена, понеделник, вторник и среда, истакна по денешната активност на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кој е еден од организаторите.

- Она што се обидоа да го направат во четвртокот на шверцерски начин да изберат претседател на Собранието кој не се откажал од Тиранската платформа и веднаш потоа ќе преминат на избор на влада, ќе се обидат сосема сигурно во еден од овие три дена пред Велигден, да го направат и тоа не смееме да им го дозволиме и нема да го дозволиме. Ќе бидеме будни, ќе следиме се што се случува, ќе следиме многу внимателно и ќе реагираме во секунда, истакна Илиевски.

Илиевски апелираше да не се обидуваат да сторат такво нешто. 

- Затоа се возевме денес, да ги потсетиме граѓаните будно да внимаваат што ќе се случува, многу важни три дена на почетокот на идната недела следуваат. Тиранската платформа беше презентирана на Божиќ намерно за да не предизвика големи реакции бидејќи за празник секој си има други приоритети. Истото ќе се обидат да го направата пред Велигден, овој пат нема да помине без реакција, додава Илиевски кој посочи сите да се мобилизираат во овие три дена и да бидат масовно пред Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг