Што чувствуваат и размислуваат животните?

Точка

31/03/2017

11:47

2.085

Големина на фонт

а а а

Што се случува во мозокот на животните? Можеме ли да знаеме што, и дали, тие чувствуваат и размислуваат?

Карл Сафина смета дека можеме. Користејќи откритија од најразлични истражувања и анегдоти од екологијата, биологијата и науката на однесувањето тој ги проткајува заедно приказните на китовите, волците, слоновите и птиците, тврдејќи дека исто како што ние, човечката раса, чувствуваме, размислуваме, употребуваме алатки и изразуваме емоции, истото го прават и останатите суштества - и умови - кои ја делат Земјата со нас.



По ова видео веќе никогаш нема да ги гледате животните со исти очи - но исто така и луѓето.

Зошто треба да го слушнете Карл Сафина?

Карл Сафина ги истражува научните, моралните и социјалните димензии на нашиот однос со природата. Тој истражува како се менува океанот и какво влијание и значење имаат овие измени врз дивиот свет и луѓето. 

Сафина е автор на седум книги, вклучувајќи ја "Song for the Blue Ocean", која беше одбрана за Најзначајна книга на годината од New York Times. Сафина е основач и претседател на The Safina Center на Универзитетот Брук, каде што исто така работи и како ко-претседавач на Алан Алда, Центарот за науката на комуникација. Добитник на Orion Award, како и MacArthur Prize, за своите неверојатни достигнувања во овие полиња. Неговата работа редовно се објавува во The New York Times, National Geographic, CNN.com и The Huffington Post, а тој е домаќин и на научната емисија “Saving the Ocean” на PBS.



Спонзорирани линкови

Маркетинг