Човекот кој пред 28 години го измислил интернетот, стравува од 3 работи во иднината

Точка

27/03/2017

10:49

5.828

Големина на фонт

а а а

Таткото на "WWW" тврди дека софистицираното модерно огласување е ризик за демократијата.

Губење на контрола над сопствените податоци. Ширење на лажни вести. Непостоење на регулација во врска со политичкото огласување… тоа се трите најголеми закани со кои интернетот денес се соочува, тврди креаторот на "веб"-от, Тим Барнерс-Ли. 

На 12. март 1989. година овој информатички научник во "CERN" поднел предлог за нешто што набрзо ќе стане "World Wide Web" или "www". Губење на контрола над сопствените податоци. Ширење на лажни вести. Непостоење на регулација во врска со политичкото огласување. 

Тоа се трите најголеми закани со кои интернетот денес се соочува, тврди Тим Бернерс-ЛИ, пишува Vecernji.ba


Бројни луѓе сè повеќе се грижат за он-лајн ширењето на дезинформации, од ширењето на лажни вести за да се заработат брзи пари, до софистицирани кампањи на политички партии. Социјалните мрежи ни "покажуваат содржина за која мислат дека ќе ја кликнеме, што значи дека дезинформациите или лажните вести, кои се шокантни, изненадувачки или дизајнирани да бидат во склад со нашите предрасуди, може да се шират како шумски пожар", напишал Бернерс-Ли. 

"А со помош на науката и податоците и војските од ботови, тие со лоши намери можат да го наместат составот да шири дезинформации за финансиска и политичка корист". Луѓето ги предаваат своите лични податоци кога се пријавуваат на одредени страни, а тоа го загрижува Бернерс-Ли. "Додека нашите податоци се држат на посебни места, сокриени од нас, ние ја губиме користа која би имале кога имале директна контрола над нашите податоци и кога би одлучувале сами кога и со кого ќе ги споделуваме. Често немаме никаков начин да одредиме кои податоци не сакаме да ги споделуваме, посебно со трети страни". 


Ризиците се уште поголеми во држави со авторитарни режими, каде колаборацијата на властите и големите IT компании доведува до ризик за животот на граѓаните. Таткото на "www" тврди дека софистицираното модерно огласување е ризик за демократијата. Се појавиле тврдења дека некои политички огласи, како во САД, така и на други места во светот, се користат на неетичен начин, за да ги насочат гласачите на лажни вести, или да ги обесхрабрат воопшто да се појават на гласачките места. 

"Целното огласување им овозможува на политичките кампањи да пратат сосема различни, можеби и конфликтни пораки на различни групи. Дали е тоа демократски?", се прашува Бернерс-Ли. Постои една заедничка црта која се провлекува низ сите три тренда: моќта на огромните IT компании како Фејсбук или Гугл, и како кога над нив не постои надзор, може да имаат корозивен учинок над граѓанското општество. Нема едноставно решение за овие проблеми. Тим Бернерс-Ли предложува разни работи, од поттикнување на приватни компании наместо огласување како начин за финансирање да користат претплата или микроисплати, до осигурување дека имаме "поголема алгоритамска транспарентност, за да разбереме како се донесуваат важни одлуки кои влијаат на нашите животи".   

"Сите ние го изградивме интернетот каков што е денес", вели заклучокот, "а сега од нас зависи дали ќе изградиме интернет каков што сакаме - за секого".



Спонзорирани линкови

Маркетинг