Ѓорѓи Кузмановски: Денес сум здрав и витален 76 годишен активен пензионер благодарение на здравите навики и спортот

Точка

01/03/2017

15:30

12.563

Големина на фонт

а а а

Роден во с. Буф Егејска Македонија 1942 година, Ѓорѓи растел со нескротлив дух и силна желба за натпреварување, себенадминување и исконски порив да докаже дека секогаш може подобро, повеќе, подалеку...

Поглаварот на македонскиот спорт, големиот Ѓорѓи Кузмановски покрај своите стотина трофеи, над 70 благодарници и безброј медаљи за своите залагања во спортот, деновие ќе го вброи и признанието на Септолете Тотал добиено за неговиот придонес како исклучително корисен поединец и спортски работник кој цел свој животен век го посветил на јакнење на капацитетите за развој на спортот во Македонија.

Роден во с. Буф Егејска Македонија 1942 година, Ѓорѓи растел со нескротлив дух и силна желба за натпреварување, сeбенадминување и исконски порив да докаже дека секогаш може подобро, повеќе, подалеку... Денес, на 76 годишна возраст, се уште е активен мотоциклист и велосипедист, а волонтерски ја извршува и функцијата Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Вие сте најстар активен сестран спортист со меѓународни спортски резултати. Како гледате на спортот, на натпреварувањето, на тој предизвик постојано да сте во некаква борба на издржливост со самиот себе дури и во овие години?



Многу е важно секој спортист да има натпреварувачки и компетитивен дух, да има во себе самодоверба и порив да биде активен, да се натпреварува, да се докажува. Јас покрај мојата административно-организациона, тренерска работа и менаџментот во спортот, го избрав и овој пат да се докажувам и на физички план водејќи се од мотото: биди активен за да бидеш здрав. Толку едноставно.

Кој е тој порив и енергија што на 76 години ве станува од удобната фотеља и ве тера да тренирате во неповолни услови, временски неприлики, кога сте уморни или нерасположени?

Животната енергија и духот ме тераат да не заседнувам, да се движам, да бидам виден позитивно како исправен, здрав поединец, да им дадам пример на останатите дека не треба да се простуваат од годините, бидејќи годините се непредвидливи, но едно е јасно: Ако сме активни, ако водиме здрав живот, нашиот век ќе биде подолг и поквалитетен.

Септолете Тотал инспириран од тврдењето што ја слави моќта на здравото грло и вербата дека здравото грло може да инспирира, мотивира, поддржи или да охрабри некого, ве идентификува вас како поединец што во текот на животот се залагал за афирмација на спортот со несебичен придонес и користење на моќта на грлото за поттикнување на младите генерации да го засакаат спортот. Како вие го засакавте, кој беше вашиот „тригер фактор“да се свртите кон спортот како начин на живот?

Секогаш сум сакал да бидам поглавар, да организирам, да бидам прв што се залага за позитивни промени кај себе и кај останатите во мојата непосредна близина. Спортот ме влечеше од најрана возраст, отсекогаш сум бил активен, динамичен, бестрашен. Спортот беше прифатлива и очекувана сфера во која можев да го вкотвам сиот мој дух и тој горечки порив за надминување на препреките и борба со предизвиците.

Со вашиот исклучителен придонес во насока на јакнење на капацитетите за развој на спортот, пред сé преку својот личен пример, поттикнувајќи залагање, влевајќи доверба и промовирајќи вистински вредности ја заслуживте титулата на исклучително вреден поединец што ја користи моќта на своето грло за повозвишени цели.За што најмногу ја користевтемоќта на своето грлои кој е тој еден единствен совет што сакавте да им го пренесете и на вашите деца, но и на сите спортисти?



Системски набљудувано, да создадете квалитетен спортист или во најмала рака „да заразите“ некого со љубов кон спортот е тежок и долготраен процес, земајќи в предвид дека секое младо дете носи со себе одредена култура, социјален амбиент, семејство, образование и други детерминирачки животни околности и физички предиспозиции. А додека тоа дете се „контаминира“ со спорт треба многу труд, работа, упорност и многу залагање. Во таа смисла задача на секој повозрасен едукатор, тренер, инструктор што работи во спортот е со своето знаење и вештини да мобилизира околу себе што поголем број млади луѓе и да ги донесе во салите, на терените, на чист воздух. Да им всади уверување дека со спортот ќе бидат поздрави, помотивирани, подобри другари и здрави личности што ќе пораснат во здрави и корисни поединци на ова општество. Трудољубивост, работа и мотивација. Само тоа доведува до спортски и севкупни животни резултати.

Многу придонесовте за развојот и унапредувањето на разбирањето на потребите на спортот и спортистите во Македонија. Но, што направи спортот за вас?

Јас сум многу благодарен за она што спортот ми ги овозможи. Цел живот го работам тоа што сакам, напредував, ги достигнав највисоките можни функции и титули во спортот. Но, спортот ми возврати за сиот вложен труд и залагања, погледнете, денес сум здрав и витален 76 годишен активен пензионер кој нема ниту еден слободен ден во овие 12 години пензионерски живот.


Биографија



Ѓорѓи Кузмановски со спорт почнува да се занимава во далечната 1955 година, тренира ракомет во Пелистер Битола, но паралелно се занимава и со фудбал, се додека не го открие велосипедизмот.

Првата победа на градско првенство во велосипедизам во Битола е тригер да се фокусира кон овој спорт на чиј развој и унапредување му го посветил животот.

Завршува фискултурно училиште во Скопје , по кое разбирливо следи Факултетот за физичка култура во Нови Сад и Сараево. Успешно завршува и две тренерски школи во Белград за бокс и во Љубљана за велосипедизам. Во 1978 година станува стручен секретар на сојузот за физичка култура на Македонија и раководител на стручна служба, Претседател на велосипедски сојуз на Југославија, тренер на југословенска А селекција во велосипедизам, основач на триатлон-спортот во Македонија, иницијатор за обнова на Скопскиот маратон, Претседател и основач на спортскиот триалон клуб „Софка“, Генерален секретер, а потоа и Претседател на Сојуз на спортови на Скопје, активен член во боксерски и велосипедскиот сојуз на Македонија, добитник на признанието за најдобар спортски работник на 20 век добиено од Велосипедски сојуз на Македонија, страствен велосипедист кој напишал и публикувал три книги посветени на велосипедизмот што во текот на годините станале драгоцен прирачник за сите љубители на овој спорт. Автор на монографијата „Над 100 години спорт во скопје 1902-2010“. Учесник на девет Европски Мото Рели во состав на Репрезентација и освоени 5-то место и 4-то место. По повод 8-ми Септемви со велосипед вози над 100 км секоја година на различни делници низ Македонија.

Денес е татко на две извонредни ќерки, вљубенички во спортот и внуци кои чекорат по неговите стапки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг