СДСМ денес бира мандатар: Ќе одржи Централен, а потоа и Извршен одбор!

Точка

25/02/2017

12:03

2.723

Големина на фонт

а а а

Вчера портпаролот на ДУИ, Бујар Османи соопшти дека ДУИ одлучила да ги дадат потписите на Заев за тој да формира парламентарно мнозинство.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на пладне ќе одржи Централен, а потоа и Извршен одбор. На овој одбор се претпоставува дека официјално ќе биде одбран партискиот лидер, Зоран Заев за мандатар.


Но се уште не е ништо сигурно бидејќи покрај потписи, Иванов ќе бара и гаранции дека е заштитен унитарниот карактер на државата, кој според Уставот треба да го додели мандатот. Тој мандат ќе и даде на таа партија или коалиција која ќе достави потписи од најмалку 61 мандат.

Од оние кои ќе ја составуваат новата влада тој бара во нивната програма да имаат два клучни приоритети: Заштита на државните интереси на Р. Македонија или зачувување на унитарниот карактер на државата и системска реформа по кризата која треба да ги опфати и субјектите на системот за национална безбедност - истакнал Иванов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг