Од ДУИ веројатно до понеделник ќе се изјаснат за својата одлука

Макфакс

24/02/2017

18:50

1.374

Големина на фонт

а а а

Во Демократската унија за интеграција (ДУИ) сé уште се води расправата за двете опции, односно учество во владина коалиција или одење во опозиција, а портпаролот Бујар Османи најави во петокот дека конечната одлука треба да биде донесена во понеделник.

Според она што за новинарите го изјави портпаролот на ДУИ, на седницата на Централното претседателство којашто започна во петокот, било дискутирано и за двете опции. Бујар Османи се разговара околу аргументите за натамошните чекори и одлуки што треба да ги донесе партијата за формирање нова влада и се разгледуваат два инструмента за реализација на веќе усогласениот закон за јазиците од страна на ДУИ и на СДСМ, а тоа се партиципација на ДУИ во владина коалиција или поддршка на малцинска влада останувајќи во опозиција.

„На претходната седница го усогласивме текстот за Законот за употреба на јазиците. Тоа беше услов без којшто не се може натаму за која и да е опција. Сега остануваат два начина, два инструмента за реализација на законот: учество во владина коалиција и поддршка на малцинска влада, останувајќи во опозиција, но давајќи поддршка на таква влада со услов усвојување на предложениот закон за употреба на јазиците“, рече Османи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица крај Тетово.

„Малцинската влада не се разликува по бројот на пратениците кои ги дава ДУИ (десет), така што учеството или неучеството не го менува обемот на поддршката на таа влада туку со учеството на функционери во владините институции. Поддршката со пратениците е неминовна, бидејќи влада без ДУИ не може да има“, додаде Османи.

Предноста што ја гледа претседателството во опцијата останување опозиција, како што толкуваше Османи, е фактот да се овозможи секој што имал сомнежи во работата на ДУИ сиве овие десет години да може да го направи тоа без да биде попречен од учеството на партијата во владата. Опозицијата, според него, секогаш била една од опциите на ДУИ, која, како што кажа, не е само партија туку прераснала во движење на Албанците што ќе остане како такво забележано во историјата.

Османи, исто така, за новинарите пред партиското седиште се обиде да истакне дека засега нема одлука за давање на мандатите на ДУИ за формирање влада, запрашан за коментар за изјавата од четвртокот на челникот на СДСМ. Зоран Заев.


Спонзорирани линкови

Маркетинг