Славниот американски рапер, кој од првиот албум од 1996-та година -
"Reasonable Doubt" продал повеќе од 100 милиони албуми, има освоено 21 Греми награди, а во храмот на текстописци во Њујорк официјално ќе влезе на 15-ти јуни.
Покрај Џеј Зи, Роџерс ги објавил и имињата на останатите музичари кои се одбрани за 2017-та година, но исто така и оние кои биле одбиени.
Роџерс изјавил дека влегувањето на Џеј Зи во
"Hall of Fame" е
"исклучително важно бидејќи раперот го промени начинот на кој денес ја слушаме музиката... го измени начинот на кој се забавуваме. Раперите сега се рамо-до-рамо со некои од најголемите текстописци на сите времиња."
Одбиени биле Глорија Естефан, Кејт Стивенс, Џеф Лин, Брајан Адамс, Џорџ Мајкл и Kool and The Gang.
Претседателката на "Hall of Fame" - Линда Моран, изјавила дека за влегувањето на Џеј Зи дискутирала со колегите уште минатата година, но тогаш ниту заедницата ниту комисијата не биле се' уште подготвени за овој потег, и покрај тоа што раперот го задоволувал основниот услов - кандидатот мора да има повеќе од 20 години искуство во пишување на музички текстови.
Моран изјавила и дека Џеј Зи бил премногу воодушевен кога ја примил веста, а тоа го потврдил и на својот профил на Твитер.
"Меѓудругото, ова е голема победа за НАС. Се сеќавам кога за рапот се велеше дека е само тренд кој ќе помине. Сега сме рамо-до-рамо со некои од најголемите текстописци во историјата."