Директорт на МЖ Транспорт поднесе оставка

Нетпрес

23/02/2017

16:21

751

Големина на фонт

а а а

Директорот на Македонски железници – транспорт, Никола Костов поднесе оставка, потврдуваат од владата. Епилогот следува откако цела недела вработените во железници протестираат поради неисплатени плати.

Оставката на Костов треба сега да ја прифати Управниот одбор на МЖ Транспорт и Владата која предлага директор во ова акционерско друштво.

Иако владата донесе одлука за зголемување на средствата кои железници ги добиваат на годишно ниво од околу 90 милиони денари, исплатата ја услови со враќање на работниците на работа.

Железничарите не отстапуваат се додека во целост не биде исплатена јануарската плата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг