Бујар Османи: Нема менување на знамето и химната, за двојазичноста се договоривме

Точка

23/02/2017

14:37

6.771

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, рекол дека Уставот предвидува јазикот да е во службена употреба и дека целиот закон е во рамките на Уставот. Османи додал дека не се откажале од двојазичниот денар.

Бујар Османи рекол дека законот не излегува од Уставот, и дека нема да има менување на знамето и химната. Додал и дека дијалогот меѓу заедниците е многу важен.

"Утре почнуваме со другите делови за усогласување. Поддршката е крај на еден процес за преговарање, ќе чекаме да видиме како ќе одат преговорите по однос на другите прашања, меѓутоа лидерот Ахмети има статутарно право тоа да го направи без консултација" рекол Османи, пренесува A1 On.

Тој рекол дека донесувањето на тој договор ќе биде историски момент, затоа што се чекало 15 години, и ќе значи затворање на една важна тема која ќе значи релаксирање на меѓуетничките односи и ќе отстрани едно големо бреме.



- Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со било која партија. Со СДСМ во овој период имавме работни средби на кои разговараме за сите прашања. Главен столб на тие разговори беше усогласувањето по текстот на Законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ во соработка со другите партии од платформата и после давање мислења, усогласување, надминување на евентуални разлики, вчера претседателството го усвои текстот на тој Закон кој што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко усогласување со цел усвојување во Собрание, рекол Османи.

Тој не сакал да ги коментира роковите за формирање на влада, и додал дека треба да се усогласат и други прашања за да се направи коалиција со СДСМ.

Османи додал и дека Ахмети има апсолутно право да ги даде потписите, но не се знае дали пред или откако ќе падне договор со СДСМ.

"Во правото нема совршени решенија, ние сметаме дека ова е оптимално решение кое го затвара единственото нерешено прашање од Рамковниот договор во делот на донесување закони. Сите разлики се надминати совршен закон немало ниту пак ќе има" рекол Османи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг