Османи: Дебатата ќе потрае неколку дена, потоа ќе одлучиме

Макфакс

22/02/2017

19:42

1.264

Големина на фонт

а а а

Дебатата на Централното претседателство ќе трае до доцна во ноќта, а ќе продолжи во наредните денови, по што ќе биде донесена одлуката, најави во среда вечер портпаролот на ДУИ Бујар Османи.

„Ќе се разгледува документацијата која е составена од работните групи. Лидерот Али Ахмети вчера вечер на средбата ги надмина разликите, и исполнети се условите претседателството да ги разгледа предлог законите и да може да одлучи.

Вечерва почнуваме со маратонската дебата зашто е голем материјалот, дебатата ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе се исцрпи дебатата ќе биде донесена одлуката“, рече Османи.

Тој уште додаде дека доколку претседателстовото смета дека материјалот е недоволен, има право да ја врати документацијата на доработка.

Според Османи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг