Владата ќе исплати дополнителни 70 милиони денари за плати за вработените во Железница

Макфакс

22/02/2017

18:50

991

Големина на фонт

а а а

Владата на Република Македонија ќе исплати дополнителни 70 милиони денари се со цел да се разреши состојбата околу штрајкот на вработените во Железницата.

Од Владата упатија апел до менаџерскиот тим на Железница и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално функционирање на претпријатието.

„Во овој момент потребно е итно да се создадат услови за функционирање на железничкиот сообраќај за да може во рамките на законот да започне да се исплаќа државната помош кон Железница. Министерството за транспорт и врски во насока на разрешување на целата состојба ќе продолжи со исплата на средства на име трансфери и субвенции кон Железница, но само во рамки на законските прописи и под услови за кои вработените мора да ги извршуваат работните обврски кон претпријатието“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Понатаму се додава дека во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во Железницата, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието.


Спонзорирани линкови

Маркетинг