СДСМ: Само со инвестиции во МЖ ќе има рентабилно работење на претпријатието

Макфакс

20/02/2017

16:24

807

Големина на фонт

а а а

Откако вработените во Македонски железници тред ден се на штрајк и возовите во Македонија не сообраќаат, поради неисплатени плати на работниците, од СДСМ велат дека мора да се инвестира за да се добие рентабилно претпријатие.

„Македонски железници постојано работи со загуби токму поради немањето инвестиции во инфраструктурата, бидејќи нема отворени нови коридори, нови пруги кои ќе можат да ги користат возовите. Во делот на железничката инфраструктура, Македонија стои многу лошо и е во катастрофална состојба и лесно ранлива. Кога ќе имаме нови модерни железнички пруги, поврзани со регионот и со Европа и на југ со Грција и на север со Србија, меѓутоа и со Албанија и Бугарија, тогаш ќе можеме да зборуваме за профиталбилна работа на МЖ. Само со вложување во МЖ инстраструктура и МЖ транспорт, ќе можеме да дојдеме до рентабилно работење на ова државно претпријатие“, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, на прес-конференција.

Тој потсети дека денеска е понеделник, работен ден е, а многу граѓани кои платиле месечни билети за воз не можат да стигнат на своето работно место, при што дел од граѓаните не се информирани за штрајкот па не стигнале на време на работа, а повеќето биле приморани да прават дополнително трошоци за да плаќаат автобуски билети.



Побара веднаш да им бидат испалтени плетите на работниците.

„Платите во јавното претпријатие постојано доцнат, а раководството на власта во заминување не наоѓаат трајно решение. Моментално вработените во Македонски железници -инфраструктура ја бараат втората половина од платата за декември, а вработените во Македонски железници -Транспорт ја чекаат јануарската плата. Требаше да се случи штрајкот за да стигнат најавите за исплата на половина плата, а кој ќе ги плати штетите од тридневниот застој на возовите“, рече Бочварски.

Денеска штрајкувачите поднесоа барање за решавање на нивниот проблем до надлежното министертво за транспорт и врски.


Спонзорирани линкови

Маркетинг