ДУИ: Предлог-законот за јазиците е во согласност со Уставот и за него нема компромиси

Макфакс

20/02/2017

14:22

699

Големина на фонт

а а а

Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби за Радио Слободна Европа потврди дека нивниот предлог-закон за јазици е „апсолутно во согласност со Уставот“ и, како што додаде, за него нема компромиси.

Професорот Осман Кадриу, кој, како што вели, бил консултиран од партиите за законот за јазици, вели дека СДСМ и ДУИ сега се во фаза на усогласување на предлозите стигнати од двете страни. Непотребно би било да се ставаат барањата за промена на Уставот, бидејќи за такво нешто нема мнозинство, а дел прашања може да се решат со закон, додава Кадриу, пренесува РСЕ.

„Јас сметам дека работите изгледаат како да се усогласени стојалиштата меѓу двата блока. Очекувам дека овие денови можеби ќе има и официјална одлука за давањето потписи со кои СДСМ ќе ги собере потребните 61 и ќе го добие мандатот за состав на влада“, вели Кадриу.


Спонзорирани линкови

Маркетинг