Британските и американските медиуми пренесоа дека Конор МекГрегор и Флојд Мејведер договориле бокс меч во Лас Вегас вреден една милијарди долари.
Медиумите веќе неколку месеци шпекулираа дека тимовуте на двајцата борци договраат борба, а во вторникот објавија дека мечот ќе добие потврда на 28-ми февруари.
Инаку, преговорите ги „минира“ трета страна, а се претпоставува дека тоа е UFC, со кого МекГрегор има договор. Овој 28-годишен борец ги откажал состаноците со навивачите и спонзорите и заминал во САД, за како што се шпекулира, да ги финализира преговорите за борбара која ќе вреди една милијарда долари.
Флојд Мејведер (39) и натаму нема пораз во кариерата, а според прогнозите во евентуалната борба против Мек Грегор би бил фаворит, меѓудругото и поради тоа што мечот ќе се одржи на негов терен.