Анима Мунди: Вардариште нема да заловува кучиња поради несоодветни услови

Нетпрес

23/01/2017

13:40

627

Големина на фонт

а а а

Здружението за заштита на животни Анима Мунди известува дека ЈП Комунална хигиена Скопје им испратиле допис, во кој ги известуваат дека престануваат со заловување на бездомните животни поради несоодветните услови и екстремно ниските температури.

„Почитувани, би сакале да ве информираме дека поради новонастанатите временски услови на екстремно ниски температури, Службата за хуман третман на бездомните животни при ЈП Комунална хигиена – Скопје нема да врши заловување на бездомни кучиња на територијата на градот Скопје, односно хируршки интервенции (стерилизирање) врз веќе заловените кучиња што се наоѓаат во стационарот Вардариште.

Оваа одлука ЈП Комунална хигиена – Скопје ја донесе со цел да се избегнат здравствените ризици и компликации кај овие животни, коишто би можеле да се појават доколку во ваквите временски услови се вршат хируршки интервенции врз нив“, пишува во соопштението на ЈП Комунална хигиена до Анима Мунди.

Од здружението за заштита на животни велат дека дописот го добиле како одговор на нивните реакции и најавата за протест против стационарот Вардариште, раководен од град Скопје и ЈП Комунална Хигиена.

„Очекуваме надлежните да се придржуваат во целост до оваа одлука затоа што во Вардариште нема греење, ниту соодветни услови за престој и третман на животните во зима, а граѓаните ги повикуваме да доколку видат заловување да не контактираат веднаш“, велат од Анима Мунди.


Спонзорирани линкови

Маркетинг