Облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од снег

Макфакс

10/01/2017

09:02

591

Големина на фонт

а а а

Променливо облачно и студено со повремени слаби локални врнежи од снег, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -20 до -6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од -10 до -3 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура од -14 и дневна до -6 степени.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.


Спонзорирани линкови

Маркетинг