Иванов му го додели мандатот за состав на нова влада на Груевски

Макфакс

09/01/2017

14:30

2.799

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска попладне го врачи мандатот за состав на новата Влада, на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конститутивната седница на Собранието која се одржа на 30 декември, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а рокот истекуваше денеска.


Според членот 90 од Уставот, мандатарот, односно Груевски, „има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на Владата“.



Груевски во интервју за „Дневник“ изјави дека ќе се обиде да состави Влада, но не по секоја цена.

На предвремените парламентарни извори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички маднати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг