Телефонот на терористот би можел да го реши убиството на рускиот амбасадор: Меѓутоа, постои еден проблем...

Точка

24/12/2016

12:43

13.321

Големина на фонт

а а а

Турската полиција јавила дека го пронашле телефонот на убиецот на рускиот амбасадор во Анкара, но дека имаат еден голем проблем...

На прв поглед изгледа како нешто многу едноставно, но проблемот им станал кошмар на турските оперативци – никој не може да го отклучи телефонот на терористот.

Турската полиција побарала помош од руските агенции за да го откријат ПИН кодот за да успеат да дојдат до документите во телефонот, но залудно. Без четирицифрениот број, содржината на телефонот останува мистерија.



Досега, сите обиди за да се отклучи телефонот биле неуспешни. Ниту руските ниту турските разузнавачи не успеале да го отклучат, а за помош ја замолиле и компанијата Apple која досега не им помогнала околу решавањето на случајот, пишува Alarabya.net.

Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов беше убиен овој понеделник откако додека држел говор по повод отварањето на изложбата на фотографии „Русија во очите на Турците“, го убил 22-годишниот Мевлут Мерт Алтинтас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг