Одлична атракција за мрзливи туристи

Точка

13/10/2016

20:40

6.915

Големина на фонт

а а а

Најдолгите подвижни скали на светот се изградени за мрзливи туристи кои сакаат да уживаат во природна, но да не пешачат.

Овие скалила се направени во Енши гранд кањонот во кинеската провинција Хубеи, а идејата е на овој начин да се привлечат поголем број на туристи кои ќе ја посетат оваа дестинација.


Возењето со подвижните скали, најголеми на отворен простор, трае 18 минути. Изградбата на овој ескалатор чинела 4.76 милиони евра, а возењето ќе ги чини туристите 2.7 евра.


Скалите се направени од мешавина на дрво и челик, а опкружени се со пешачки патеки за што подобро да се вклопат во овој прекрасен пејзаж.


Скалите сега се протегаат на должина од 688 метри, а еден дел од скалите со должина од 288 метри е отворен за туристите уште од 2011 година.



Овој „превоз“ може да превезе 7.300 туристи за еден час, а се очекува дека со овие подвижни скали ќе се извозат околу 600.000 туристи годишно.


Мораме да признаеме дека тие изгледаат навистина прекрасно, но оние кои веќе ги испробале не се воодушевени – велат дека скалите се движат премногу бавно и дека побавно стигнуваат до врвот отколку луѓето кои со пешачење го посетуваат овој кањон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг