Хорор среде бел ден во Скопје: Маж силувал куче на кеј, полицијата немала надлежност да реагира!

Точка

13/10/2016

13:03

18.132

Големина на фонт

а а а

Лице на возраст од отприлика 25 до 30 години, минатата недела буквално среде бел ден измачувало и силувало куче на кејот на Вардар, во населбата Керамидница, при што после грозоморниот чин веднаш влегло во една од куќите во таа населба.

За целиот настан да биде уште потрагичен, сведоци биле повеќе лица коишто седеле на клупите на кејот, но од страната на населбата Аеродром.

Од здружението Анима Мунди напоменуваат и дека веднаш била повикана полиција, биле оставени и податоци, но полицијата одбила да влезе во куќата во којашто наводно се сокрил силувачот на кучето.

- Минатата недела среде бел ден е мачено и силувано куче на кеј, од страната на Керамидница, силувано од страна на лице на возраст од 25- 30 години кое по монструозното изживување врз кучето влегло во една од куќарките од таа страна на Вардар. Сведоци биле повеќе лица кои седеле на клупите од страната на Аеродром, кои реагирале, и веднаш повикале полиција, оставиле свои податоци, но полицијата откако дошла одбила да влезе во куќата во која се скрил монструмот, силувачот на кучето., пишува во соопштението на здружението.

Во меѓувреме, адвокатскиот тим на здружението ги контактирало сведоците и тие сега бараат најстрога казна и правда за злоставуваното куче.

- Каква порака се пренесува на овие деликвенти и психопати, доколку не бидат најстрого санкционирани? Кој ги штити луѓето, децата, животните во нашето општество, колку сме безбедни кога социопат, сексуален манијак, зоофил, зооераст слободно шета и силува животни на кеј, пред очите на другите луѓе? Се изживува, ги присилува на дејствија кои не им се природни, со кои ги мачи, повредува, осакатува, или убива?! Која е нашата порака кога на монструмите никој ништо не им може?, реагираат од здружението.

За жал, ова не е прв ваков случај со изживување врз животни. Од здружението потсетуваат и дека нерешен останал и уште еден ваков случај во Кочани, кога силувачот на кучињата бил десетина пати пријавуван од страна на локалното население.

- Така на пример во Кочани, силувачот на кучиња кој беше 10 пати пријавен од локалното население, здруженијата за заштита на животни за мачење/силување/убивање кучиња, сега е повторно на слобода и без било каква контрола – насилникот повторно слободно шета, собира кучиња, ги носи на напуштени локации за потоа да на животните им се губи секоја трага, а на местото остануваат искористени кондоми или мрши! Луѓе не контактираат во континуитет за тоа лице, распаметени од страв што меѓу нив слободно шета таков насилник. Тоа лице и таквите како него се опасност која демне и само чека погоден миг за нова жртва. Им може ли некој нешто на ваквите лица, кои слободно и без каков било надзор имаат отворени можности да продолжат да силуваат? Ги повикуваме итно Министерството за внатрешни работи, АХВ, општинските власти, да ги вложат сите напори за да овие болни умови бидат казнети и сместени таму каде што им е местото, во затвор и бараме комплетно следење на таквите во иднина!, истакнуваат од здружението Анима Мунди, од каде што ги повикуваат сите надлежни институции да ги вложат сите свои напори за да се казнат овие насилници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг