Потсетуваме, медиумите пренеле дека семејството Пит-Џоли минатата седмица патувало од Франција во Лос Анџелес, а за време на летот се случил инцидент кој наводно ја натерал Анџелина да поднесе документи за развод.
Не е познато што точно се случило, но изворите тврдат дека Бред се скарал со својата сопруга, а дека нивниот 15-годишен син се обидел да ја одбрани својата мајка, па актерот потоа го нападнал него.
Бред тогаш наводно бил под дејство на алкохол, и продолжил да дивее и по слетувањето на авионот во Минесота, па авионската писта ја напуштил со камион за гориво. Очевидец кој сакал да стане анонимен, случајот го пријавил во социјалната служба и полицијата, а истрагата потоа ја преземало ФБИ.
Како што пишува списанието
US Weekly, камерите на аеродромот ја забележале нивната расправија, пред семејството повторно да се качи на авион и да одлета во Лос Анџелес. Оваа снимка ќе биде главен доказ за истражителите.
На неа наводно се гледа како Бред му вика на детето, но нема никаков физички контакт.
Сепак, не е познато како ескалирала расправијата помеѓу таткото и синот, и дали продолжила кога авионот полетал за Лос Анџелес.