Гвардиола се огласи за критиките кои ги добива Мурињо и ја изненади спортската јавност на Островот

Дерби

23/09/2016

14:17

2.497

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо имаа крајно џентлменски пристап наспроти сите најави дека ќе има голема тензија при нивното ново среќавање на „Олд Трафорд“, но дека нивниот однос оди кон подобро може да се заклучи и од последната изјава на менаџерот на Манчестер Сити.

Мурињо се најде на удар кај добар дел од англиските аналитичари поради шокантната серија од три последователни порази која ја имаше Јунајтед, а сега во негова одбрана застана токму Пеп кој со својата изјава секако ја изненади комплетната спортска јавност на Островот.

– Слушнав многу чудни работи кои едноставно немаат никаква блискост со вистината од она што реално се случува. Навистина не е фер она со што се соочуваат одредени колеги (мислејќи на Мурињо) кои сега не победуваат. Одиграни се само пет натпрвари во Премиер лигата, не може да се даваат никакви заклучоци. Добро е да знам дека истото ме чека и мене кога нема да победуваме. Едноставно е невозможно да победите на сите натпрвари, невозоможно е тимот да игра максимално на секој одигран меч, – изјавил Гвардиола пред англиските новинари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг