Шокантно: Бред Пит е под истрага поради злоставување на децата!

Точка

22/09/2016

18:31

6.498

Големина на фонт

а а а

Славниот холивудски актер Бред Пит е под полициска истрага поради тврдењето дека вербално и физички ги злоставувал своите деца, а тоа наводно е и причината што Анџелина сака да се разведе од него.

Извори блиски до парот тврдат дека Бред Пит (52) минатата недела се опил во авионот во кој било целото семејство. Наводно збеснал, викал и физички се изживувал врз децата.

Откако авионот слетал, сведоците велат дека Пит продолжил да дивее и наводно се обидел да замине со еден од камионите кои превезуваат гориво.


Како што пренесуваат странските медиуми, сведок на немилиот настан го пријавил Бред Пит во полиција, па тој и Анџелина веќе биле на разговор кај социјални работници. Истрагата се` уште трае.

Наводно, токму тој инцидент е причината што Анџелина побарала развод.

„Тој сериозно ги доживува тие обвинувања и вели дека никогаш не би ги злоставувал своите деца. Тажно е што блиските луѓе го прикажуваат во најлошото можно светло“, изјавил пријател на славниот актер.


Бред, наводно, по пишувањето на „Mirror”, ја молел Анџелина заедно да одат на советување за да го спасат бракот поради децата. Актерот бил скршен затоа што сопругата веќе ангажирала „војска“ од адвокати за да го прикажат како лош татко.

„Ја сакам, но таа е целосно луда“, наводно им рекол актерот на своите блиски пријатели. Бред исто така собрал армија од добри адвокати за да добие заедничко старателство над децата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг