Менаџерот на Јаја Туре со порака до Гвардиола: И мојот дедо ќе освоеше титула во Баерн Минхен

Точка

21/09/2016

17:00

1.774

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Јаја Туре, Димитри Селук го нападна тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кој го изостави Туре од екипата за Лигата на шампионите.

Селук неодамна изјави дека Гвардиола не го почитувал Туре и го понижил со тоа што го изоставил од списокот за Лигата на шампионите, а Пеп изјави дека Туре нема да игра се додека неговиот менаџер не се извини.

Украинскиот менаџер во меѓувреме, за Daily Mirror повторно го нападна Гвардиола и порача дека Шпанецот треба да докаже дека е добар тренер само во некоја слаба екипа со скромен буџет.

„Екипата која што ја превзеде во Барселона беше изградена од Франк Рајкард, а потоа Гвардиола имаше среќа што го имаше Лионел Меси. Меси ја направи Барса, а не Пеп. Луис Енрике докажа дека успехот на Барселона не се должи на Гвардиола“, изјави Селук и додаде:

„Исто беше и во Минхен, не можеше да биде неуспешен. Мојот дедо може да освои титула со таков тим. Ако Пеп сака да се докаже како голем тренер, тогаш треба да оди во Сарагоса или Сандерленд, па да видиме колку ќе биде добар кога нема да наследи добар тим и кога ќе нема половина милијарда фунти за засилувања“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг